дом со мирис на море

ЗА ПРОДАЖБА

Визија која води кон уживање

Грчкото туристичко место Криопиги е идеално место за семеен одмор и за уживање во чистото и топло море на првиот крак Касандра на полуостровот Халкидики. Криопиги е амфитеатарски изградено место на падините на ридот кој изобилува со шума и полиња од маслинови дрвја. Криопиги се смета за едно од најмирните места на источниот дел од првиот крак, во чија непосредна близина се туристичките места, Калитеа, Полихроно, Ханиоти, Пефкохори.
Вилите во Криопиги се наоѓаат во издвоен мирен дел и се осмислени како посебен комплекс во чиј состав се четири таканаречени мазонетки кои ги нудат сите погодности за мирен одмор.

Беспрекорниот дизајн на 4-те вили во Криопиги нудат уживање во природните убавини со поглед и мирис на море, убави стаклени тераси со отворен поглед, сопствени дворови, зеленило.
Луксузните и модерни вили за семејно уживање на море во туристичкото место во Грција на Халкидики, Криопиги, се наоѓаат во срцето на Касандра, изградено на височинка на 500 метри од море  (од 5 мин. до 7 мин.) одење пешки, опкружени со бoрова шума и поле со маслинки.
Комплексот во Криопиги се состои од 4 вили, приземје и два ката.
Вилите се издвоени во приватен комплекс со пристапна улица со контролиран влез.

Уредување

Луксузните вили располагаат со дневна, кујна, тераси, комфорни бањи-купатила опремени со италијански плочки со дизајн на мермер со голем формат од врвните светски производители Грохе, Лауфен, Рока.

– Алуминиумска фасадна столарија со современи бои антрацид и сахара
– Алуминиумски ролетни со одлична изолација, полиуретинска пена
– Фасадата е термоизолирана во комбинација на декоративен фасаден малте, плочи со дизајн на мермер и камен
– Топла вода е обезбедена од соларните панели
– Електрогалантеријата е од светскиот производител Легранд
– Оградите на терасите се стаклени за посебно уживање во преубавиот поглед кон море.

Локација

Криопиги е оддалечено 320 км од Скопје, или на само 3 часа возење, Солун-Крипиги оддалеченоста е 96 км, или само 1 час возење.
Криопиги се наоѓа веднаш после Калитеа, на 10 мин. возење.
Комплексот вили од препознатливиот хотел Криопиги е оддалечен 700 м или само 2 мин. возење, од дискотеката „Прл“ растојанието е 5,3 км или 8 мин. со автомобил.
Криопиги се наоѓа во срцето на првиот крак Касандра, на полуостровот Халкидики, карактеристично е по традиционалните стари куќи, кои заедно со модерните вили и хотелски комплекси го прават едно од најмодерните туристички места во Грција создадени за уживање во морската широчина, убави плажи, со мирис на море, шума, маслинки, далеку од градски метеж, со еден збор вистински рецепт за здрав живот.